Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот

Bez autora
Nov 22 2011

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот во Прилепско. Отворен е градскиот пункт, а деновиве се очекува да бидат отворени уште 21 пункт во населените места. Според Александар Спиркоски, раководител на ДОЕЛ Тутун при комбинатот, откупот се одвива без проблем. Имаме околу 2.500 кооперанти. На почеток планираме да откупиме 20-тина тони на 4 ваги во градскиот откуп. Постепено ќе ја зголемуваме динамиката до 80 до 100 тони дневно и ќе отвориме уште 21 пункт во населените места. Исплатата ќе оди непречено според договорот од 7 до 10 дена. Галиб Реџепоски од Прилеп, долгогодишен тутунар донел околу 700 тони и е задоволен од откупот. Родот ми помина по околу 160 до 170 денари за килограм. Задоволен сум. Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски очекува порелаксирана атмосфера при годинашниов откуп. Задоволен сум што комбинатот прв почна да откупува во Прилепско, иако крајниот рок за почеток е 15 декември. Сега се наоѓаме во порелаксирана ситуација од лани и тутунарите на регуларен начин да го предадат родот и да си го земат заработеното.

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунотПрилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот во Прилепско.

Отворен е градскиот пункт, а деновиве се очекува да бидат отворени уште 21 пункт во населените места. Според Александар Спиркоски, раководител на ДОЕЛ Тутун при комбинатот, откупот се одвива без проблем.

- Имаме околу 2.500 кооперанти. На почеток планираме да откупиме 20-тина тони на 4 ваги во градскиот откуп. Постепено ќе ја зголемуваме динамиката до 80 до 100 тони дневно и ќе отвориме уште 21 пункт во населените места. Исплатата ќе оди непречено според договорот од 7 до 10 дена - вели Спиркоски.

Галиб Реџепоски од Прилеп, долгогодишен тутунар донел околу 700 тони и е задоволен од откупот.

- Родот ми помина по околу 160 до 170 денари за килограм. Задоволен сум - рече Реџепоски.

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски очекува порелаксирана атмосфера при годинашниов откуп.

- Задоволен сум што комбинатот прв почна да откупува во Прилепско, иако крајниот рок за почеток е 15 декември. Сега се наоѓаме во порелаксирана ситуација од лани и тутунарите на регуларен начин да го предадат родот и да си го земат заработеното. И другите компании ќе почнат деновиве. Не се менува бројот на лиценцирани компании. Сега се се одвива според измените во Законот за тутун за да се заштитат тутунарите, а се промени и правилникот за процена на тутунот. Пред се, се се одвива во три класи - рече Димовски.

Субвенционирањето, потенцира Димовски, останува по 60 денари за еден килограм иако, подвлече, имаше одредени мислења да биде според класи што би го поттикнало квалитетот. Сметам, рече тој, дека за тоа не е дојдено време затоа што треба да се усогласат тутунопроизводителите.

Од Сојузот на тутунските здруженија се подготвени да го следат откупот на теренот.

- Во Прилепско почна комбинатот, а во Битолско, Сокотаб. Квалитетната реколта која е околу 18.000 тони ќе ја диктира цената - вели Данчо Милески, претседател на Сојузот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik